Тешко повредена прилепчанка која возела мопед, се судрила со автомобил

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул. „11-ти Октомври“, ул.„Генерал Васко Карангелески“ и ул.„Крушевска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(43) и мопед без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(38), двајцата од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ѓ. ,констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

Поврзани новости