Тешко повредена 21-годишна девојка од Крива Паланка, со мопед излетала од патот

by Fokus

На 16.09.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Градската општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

Поврзани новости