490
Во СВР Скопје вчера во 18.00 часот било пријавено дека на улица „Караорман“ со тешки телесни повреди се здобил М.Н.(43) од село Кучевиште, Општина Чучер Сандево, додека извршувал работни задачи во јавно градско претпријатие.
Како што соопшти МВР, повредениот работник бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.