292
На 09.09.2023 околу 21.10 часот на регионалниот пат 1102, клучка „Прдејци“– клучка „Смоквица“, во близина на бензинска станица, патничко моторно возило „митцубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(51) од с.Богородица, изгубило контрола и излетало од коловозот, информира МВР.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.
Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.