597
Вчера попладне жител на Охрид бил тешко повреден откако бил удрен од автомобил, управувајќи го својот велосипед.
„На 27.09.2021 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Хаџи Мустафа“ во Охрид, патничко возило „шкода јети“, со албански национални ознаки, управувано од А.Ѓ.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.М.(75) од Охрид. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид“, велат од МВР.