Тешко повреден тракторист во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман

by Fokus

На 24.08.2024 во 06.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(23) од Кавадарци и трактор „имт“ со приколка „емро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ц.С.(71) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во болницата во Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани новости