75
Тешко повреден е 26-годишен мотоциклист, откако во него удрил автомобил на улицата „101“ во Гостивар.
Според информациите, автомобилот го возела 18-годишно девојче од Гостивар.
„На 04.01.2024 во 17.45 часот било пријавено дека на ул.„101“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишната Б.М., удрило во мотоцикл „кимко“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(26), двајцата од Гостивар. Во несреќата, В.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Б.М. се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар“ соопшти МВР.