Тешко повреден мотоциклист во Кичево

by Fokus

МВР информира дека вчера во 14.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на крстосница од ул.„Рудничка“ и ул.„4 Јули“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(60) од с.Тајмиште, Кичевско и мотоцикл управуван од А.А.(45) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

Поврзани новости