Тешко повреден мотоциклист, паднал од крос мотоциклот додека возел на планина

by Fokus

На 03.09.2024 во 17.58 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.С.(32) од село Мородвис, општина Зрновци.

Според пријавеното, тој околу 14.00 часот на земјен планински пат на планината Плачковица, кон с.Видовиште, управувајќи крос мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот, при што се здобил со повредите.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Поврзани новости