Тешко повреден малолетник откако бил прегазен од автомобил во Скопје

by fokus

Ноќеска по полноќ во Скопје бил прегазен малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди.

-Денеска (11.02.2024) во 00.08 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Поврзани новости