Тешко повреден е возач на мопед од Тетово, во него удрил автомобил

by Fokus

МВР информира дека вчера во 07.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „Партизански одреди“, ул.„Бледски договор“ и ул.„Париска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(30) од Виница и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(27) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости