Тешко повреден е мотоциклист во Скопје, се судрил со автомобил

by Fokus

Рано утринава во 01.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а7“ со германски национални ознаки, управувано од С.А.(54) од с. Грчец, скопско и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(20) од с. Љубанци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости