Тешко повреден е мотоциклист од Удово, удрил во паркиран автомобил

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А1, на делницата од с. Марвинци кон с. Удово, атар на село Марвинци, Валандовско, С.К.(44) од село Удово управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Поврзани новости