Тешко повреден е малолетник од Скопје, во него удрил автомобил

by Fokus

Вчера во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот С.С., удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости