188
МВР информира дека денеска половина час по полноќ во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р1403, помеѓу селата Подареш и Калугерица, Радовишко, малолетно лице од село Калугерица управувајќи мопед „хонда“ без регистарски ознаки, изгубило контрола и излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.