Тешко повреден е малолетник од Кадино, со мопедот се судрил со автомобил

by Fokus
МВР информира дека синоќа во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„1“ и ул.„2“ на Кадински пат се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед, управуван од малолетник од с. Кадино, општина Илинден и патничко возило „киа“, управувано од И.А.(40) од с. Мралино, општина Илинден, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости