Тешко повреден е малолетник на мотоцикл, се судрил со автомобил во Демир Капија

by Fokus

МВР информира дека вчера претпладне во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од ул. „Маршал Тито“ и ул. „Првомајска“ во Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од М.А.(39) од Демир Капија и мотоцикл управуван од малолетник од Демиркаписко.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

 

 

Поврзани новости