455
МВР информира дека доцна синоќа околу 23 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата на ул. „8 Септември“ и ул. „Арон Ароести“ во Битола се случила сообраќајна несреќа во која М.С. (46) од Битола, кој управувал мопед „јијинг” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата М.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.