Тешко повреден е 22-годишник од Мала Речица, со мотоциклот паднал на патот Скопје – Тетово

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 17.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, И.М.(22) од с. Мала Речица, Тетовско, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани новости