Тешко повреден 60-годишен велосипедист во Битола

by fokus

Вчера попладне на крстосница во Битола, велосипедист бил тешко повреден откако бил удрен од автомобил „Фолфсваген венто“.

„На 17 јуни 2019 во 18:25 ч. на крстосницата од улиците „Никола Тесла“ и „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, патничко возило „Фолксваген венто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола, удрило во велосипед управуван од Ц.К.(60) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.К. и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола“, велат од МВР.

Поврзани новости