91
Тешко повреден 18-годишник од Прилеп, откако во него удрила работна машина.
Според информациите, несреќата се случил вчера околу пладне на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, кога работна машина, управувана од малолетник од Прилеп, удрила во С.С.(18) од Прилеп.
Во несреќата, С.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.