2
Вчера попладнето на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило „ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (19) удрило во пешак П.К. (18) двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.К., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
При ударот било оштетено и паркирано патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.К. (51) од Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.