Тешко повреден 18-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа во Куманово

by Fokus

Тешко повредено 18шгодишно лице, кое со мотор се судрило со автомобил во Куманово.

Според информациите од МВР, несреќата се случила синоќа околу 20.35 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово, кога автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(63) од Куманово се судрил со мотоцикл „ктм“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(18) од Куманово.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости