1
Тешка сообраќајка се случила утрово околу 7:30 часот на државниот пат Д-8 кај Дубровник.
Како што објави весникот „Дубровник“, возило со дубровнички регистарски таблички кое се движело по патот, кога под се уште неутврдени околности се превртело на покривот, соопшти полицијата.
Едно лице починало на лице место, додека друго поради повредите е пренесено во болница во Дубровник каде му е укажана лекарска помош.
Сообраќајот е целосно затворен, а се движи по алтернативен пат преку Комолец и Бргат.
Ќе следи истрага со која ќе раководи заменик општинскиот државен обвинител.
Според дубровничкиот весник, карпа паднала на патот и го усмртила мажот.