Рано утрово во Прилеп се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле повредени две лица и веднаш биле хоспитализирани.
„На 08.11.2021 во 03.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Александар Македонски“ и „Октомвриска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(26) од Прилеп и патничко возило „хјундаи акцент“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од Прилеп. Во несреќата, со тешки телесни се здобиле сопатниците во „хјундаи“, Н.А.(42) и малолетничка, двајцата од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп“, велат од МВР.