Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на улица „Христо Татарчев“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, автомобил „сузуки свифт“ излетало од коловозот и на местото на несреќата загинале и возачот и еден сопатник на автомобилот. Друг сопатник се здобил со тешки повради.
-Патничко моторно возило „сузуки свифт“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (70) од Скопје излетало надвор од коловозот. На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц. (71) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.