Три лица загинаа а уште четворица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово во Кичево.
Од МВР информираат дека сообраќајката се случила утрово во 04.50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево меѓу „пежо“ управувано од деветнаесетгодишниот С.И. од Кичево и возило „фолксваген голф“ управувано од К.Е. (32) од кичевското село Трапчин Дол.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С. (20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Со тешки повреди, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, 21-годишниот В.П. од кичевското село Подвис, 21-годишниот П.К. од Кичево и малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо“.
На местото на несреќата бил извршен увид на јавен обвинител и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.