Тешка сообраќајка во Белград меѓу автобус и камион

by Фокус

Градски автобус и камион се судрија во Белград. Едно лице загина, а повеќе од 20 се повредени, објави РТС.

На терен се екипи на брза помош, сообраќајна полиција и пожарникари за спасување. Сообраќајот на оваа делница е во прекин.

Шест лица се пренесени во Ургентниот центар. Сообраќајот е во прекин во двата правци и се пренасочува по стариот Обреновачки пат.

Поврзани новости