390
На 07.07.2022 околу 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Песочан, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Б.(71) од Охрид.
Во несреќата возачот Љ.Б. и Ф.Б.(29) од Скопје, сопатник во возилото „фиат“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.