606
Вчеравечер околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за селото Робово, на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, потврдуваат од МВР.
Информациите се дека во сообраќајката учествувале автомобили „фиат браво“ и „мерцедес“.
Во струмичката болница, околу 22 часот бил донесен починат маж на 47 годишна возраст, возач на „мерцедесот“, додека другиот возач поминал без повреди.
Повеќе детали за несреќата се очекуваат денеска.