Вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Македонски Брод, во која со повреди се здобиле четири лица, пренесуваат од МВР.
„На 15.11.2020 во 17.45 часот на регионалниот пат 1303 Прилеп-Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Ќ.Х.(50) од Кичево и товарно моторно возило “ман“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(63) од с.Долно Оризари,битолско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ќ.Х., а со повреди се здобиле сопатниците во патничкото моторно возило, Ј.Х.(47) од с.Брждани,кичевско, С.И.(47) од с.Гарани,кичевско и 16 годишен малолетник од Кичево на кои им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп. За незгодата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп“, додаваат од МВР.