Тешка сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе

by Fokus

Вчераутро, на патот Куманово – Свети Николе се случила тешка сообраќајна несреќа во која четири лица биле повредени.

„На 05.01.2020 околу 09.40 часот на регионалниот пат Куманово -Св.Николе, во атар на с.Градиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20) од с.Ранковце, кривопаланечко и товарно возило „там“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.А.(37) од с.Долно Ѓуѓанце, светиниколско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М. и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот И.А. и сопатниците во патничкото возило Т.Љ. и Љ.А., кои, исто така, биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово“, информираат од МВР.

Поврзани новости