404
Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на булеварот „Илинден“ кај „Фонтана“ во Градскиот парк во Скопје.
Според очевидци, мајка со бебе била во возилото кое изгубило контрола и удрило во бандера. Во сообраќајката учествувале комби и автомобил.
Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Полицијата за МИА потврди дека кај нив случајот е пријавен во 11:40 часот и оти според првичните информации возило удрило во семафор.
На местото на настанот се врши увид.
Фототрафијата е направена од очевидци