823
Едно лице загина во тешка сообраќајка што се случила во близина на Прилеп денеска, откако удрил во камион „ман“ управуван од битолчанец.
„Денеска (19.02.2022) околу 11.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален патен правец с.Ропотово-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С. (33) од Битола и патничко возило „форд галакси“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(71) од Македонски Брод. На местото на несреќата починал С.Р.. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција“, додаваат од МВР.