117
Возач на автомобил загина при судир со автобус кај Мали Пожаревац, во соседна Србија.
Повредени се повеќе од 30 лица, а екипи на итната помош се на терен. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.
Утрово во 5 часот и 40 минути на приодниот пат кој води од Младеновац кон автопатот и клучката Мали Пожаревац, во судир на автобус на приградската линија 493 и патнички автомобил загинал возач на патничко возило.
Повредените со брза помош и приватни автомобили се пренесени во Ургентниот центар.
Истрагата е во тек.
View this post on Instagram