Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром, дознава 24 Инфо. Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“.

Сообраќајката во полиција е пријавена во 13.30 часот, а повредени се три лица – двајцата возачи и сопатник од мотоциклистот. Според МВР, повредените биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“ и на Комплекс клиники за укажување на лекарска помош.

Повеќе фото на 24 Инфо.