Тешка сообраќајка кај езерото „Младост“, повредени се три лица

by Fokus

Едно лице е тешко повредено, други две полесно во сообраќајна несреќа што се случила на пат кај езерото „Младост во Велес.

– На 22.05.2024 во 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај село Башино село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.М.(31) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., додека другиот возач И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25) од село Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

Поврзани новости