Тешка несреќа во каменолом кај Росоман: Се превртел камион, повреден возачот

by Fokus

На 07.02.2025 во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи – управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани новости