Тешка несреќа во Хрватска: Тројца морнари загинаа откако врз нив падна рампа на траект

by Fokus

Тројца морнари загинаа откако врз нив падна пристапна рампа од траект на пристаниште на островот Лошињ во Хрватска.

Хрватското министерство за море, транспорт и инфраструктура потврди дека има тројца загинати, а четврт е тешко повреден.

Тешката несреќа се случила околу 15.30 часот, кога паднала пристапната рампа на траектот „Ластово“ и ги приклештила морнарите.

Несреќата се случила откако патниците се симнале од траектот, а пред да се качат нови.

Поврзани новости