519
Тешка манипулација со емоциите на Албанците, ја нарече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, иницијативата на ДУИ и Али Ахмети за прв премиер Албанец во Северна Македонија.
„Граѓаните одлучуваат кој ќе биде премиер. Премиер ќе биде тој што ќе победи на изборите, а Албанците можат да освојат најмногу до дваесетина пратеници. Затоа, ова што го зборува Али Ахмети е тешка манипулација со луѓето и со емоциите на Албанците оти нешто тој ќе направи. Тие се во мртов агол и ќе биде многу убаво да ги видиме како ќе се снаоѓаат во улога на опозиција“, изјави Тачи.
Тој смета дека изборите треба да се одржат на 5 јули.