Тешка кражба во училиште, украдени лап-топи, тастатури, мауси

by Fokus

Тешка кражба е извршена во училиште од каде што се украдени 169 лап-топи, 100 мауси, 45 тастатури, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во Полициска станица Бит Пазар било пријавено дека во Основно училиште лоцирано на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 06 до 10.07.2018 година непознат сторител извршил тешка кражба во училиштето, при што одзел: 169 мали ученички лап-топ компјутери со полначи и „мауси“, 100 парчиња „мауси“, 45 тастатури и 30 парчиња разводник за УСБ, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 576.000 денари. Имено, сторителот со употреба на физичка сила отворил еден од прозорците од училиштето, влегол внатре и со употреба на физичка сила отворил повеќе врати од кабинетите по што ги одзел предметите. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости