443
СВР Битола информираше дека вчера утрото е пријавена кражба на поголема количина кабел од објект на МЕПСО во Новаци.
„На 26.11.2022 во 08.57 часот во СВР-Битола било пријавено дека во објект на МЕПСО лоциран во с.Новаци, била извршена тешка кражба при што бил одземена поголема количина кабел. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Битола. Полицијата работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.