514
Во периодот меѓу 18-ти и 24-ти март 2018 година, во станот сопственост на А.Л. од Гевгелија на булевар „Гевгелија“ непознат сторител извршил тешка кражба.
Според пријавата до полицијата, засега непознат сторител одзел 8.300 евра и 100.000 денари, по што побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.