823
Вчера вечерта на жител на Скопје му била украдена огромна сума на пари од неговиот дом, велат од МВР.
„На 04.07.2020 во 22,10 часот во СВР Скопје, Ш.И.(58) од Скопје пријавил дека во период од 19,30 до 21,45 часот во куќа во Скопје во негова сопственост од непознато лице му била извршена тешка кражба така што сторителот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1.000.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.