663
Административна работничка на француската полиција беше избодена до смрт денес на влезот во полициската станица во градот Рамбује од страна на напаѓач кој викал „Алаху акбар“.
Францускиот обвинител за борба против тероризмот рече дека тој го презема управувањето со истрагата, а премиерот Жан Кастекс рече дека станува збор за терористички напад.
-Франција изгуби една од своите секојдневни хероини во варварски чин на бескраен кукавичлук – рече Кастекс на местото на нападот.
Претседателот Емануел Макрон на Твитер објави дека Франција нема да попушти пред тероризмот.
Напаѓачот со нож ја избодел 48-годишната жена во грлото, додека полицијата го уби напаѓачот
Напаѓачот (36) е по потекло од Тунис и легално престојувал во Франција.