Утрово околу 8 часот и 10 минути, терорист вооружен со нож избодел двајца припадници на израелската полиција во близина на полициската станица Шалем во источен Ерусалим.
Како што соопшти израелската полиција, двајцата припадници на граничната полиција се тешко ранети со убоди со нож во овој терористички напад што се случи утринава во близина на Иродовата порта во Стариот град во Ерусалим.
– Терористот беше убиен од полицајци кои пристигнаа на местото на нападот. Помош била укажана на 20-годишна жена која е тешко повредена и на млад човек кој се здобил со полесни повреди. Тие потоа се пренесени во болница на понатамошно лекување – соопштија од полицијата.
Полицајците почнаа да собираат докази на местото на настанот и да ја скенираат областа за да ја исклучат можноста за други соучесници во нападот.