Терминалите не може да ги одложат изборите

by fokus

Нема простор за одложување на локалните избори, посоодветно е да се направат законски измени, изјави вчерва министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на прашање во врска со динамиката на доставување на терминалите за отпечатоци, кои е планирано првпат да се употребат во овој изборен циклус. Според Маричиќ, посоодветно е да се овозможи верификација на идентитетот на гласачите како и досега, иако, како што рече, верува дека опремата ќе стигне навреме.

-Всушност, го предвидовме и стариот начин на идентификација на гласачи, но онаму каде што ќе нема техничка можност да се користи фингерпринтот. Односно, веќе оставивме алтернатива, Ние на време направивме измени на Изборниот законик и обезбедивме средства како Влада, а сега се е во рацете на ДИК. Мислам дека е можно да се имплементира системот до почетокот на изборите. Ако не, ќе треба да се направи промена во методологијата на идентификација на гласачите – рече тој на ТВ 21.

Според него, изборите не треба да се одложат, бидејќи така ќе бидат продолжени мандатите на градоначалниците, иако досега сме имале и такви искуства.

Поврзани новости