-Ова е болен и расипнички терористички акт, изјави британската премиерка Тереза Меј, по денешниот напад во срцето на Лондон, каде чатворица беа убиени, а над 20 тешко повредени.
-Нашите мисли и молитви се насочени кон сите жртви од денешниот напад. Но, мора да е јасно дека секој обид да се срушат нашите вредности со насилство, ќе биде неуспешен. Парламентот ќе продолжи со работа како и нормално, а граѓаните на Лондон утре ќе станат и ќе продолжат нормално да живеат. Ќе шетаат по овие улици и ќе ги живеат своите животи. Никогаш нема да се предадеме пред тероризмот и нема да дозволиме гласот на злото да не раздели – порача Меј.
Таа потврди дека станува збор за еден напаѓач, кој веднаш по нападот беше застрелан од полицијата. На цела територија во Велика Британија прогласен е највисок степен на предупредување од тероризам.