Тепани редари на Град Скопје од граѓани кои незаконски истурале отпад на Вардариште

by Fokus

Двајца вработени во редарската служба на Град Скопје денеска беа нападнати од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад кај поранешната депонија Вардариште, соопштија од Град Скопје.

„Денеска двајца вработени во редарската служба на Град Скопје беа нападнати додека ја извршуваа нивната службена должност. Нападот се случи кај Вардариште од страна на лица кои со возило незаконски истураа отпад“, велат од Град Скопје.

Од таму уште додаваат дека едниот вработен се здобил со повреди поради што е хоспитализиран во Градската болница, а дополнително оштетено е и службеното возило со кое патролирале нападнатите редари.

Случајот е пријавен во полиција.

Поврзани новости