Тепачка за паркинг место во Скопје, бил изваден и пиштол, а едно лице заврши во болница

by Frosina Fakova

Кавга за паркинг место во Скопје заврши со едно повредено лице кое било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Инцидентот во СВР Скопје бил пријавен вчера попладне околу 15 часот, а се случил на улицата „Тодор Чангов“ во Скопје. Во меѓусебната пресметка учествувале двајца мажи на возраст од 40 години, едниот од Гостивар, а другиот од Кавадарци кои почнале прво да се караат за место на паркинг.

Кавадарчанецот со возилото се обидел да го прегази гостиварецот кој се здобил со повреда, па продолжиле да се тепаат. Во еден момент, кавадарчанецот отишол до куќата во која престојувал и се вратил со пиштол, додека повреденио избегал.

Кога стигнале полицајците го затекнале кавадарчанецот со пиштолот, за кој било утврдено дека е воздушен. Тој е приведен, а повредениот е однесен во болница.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани новости